Бабите и дедовците во Шведска добиваат надомест за чување на внуците

Според законот, родителите можат да пренесат дел од надоместокот што го добиваат во рамки на родителското отсуство на бабата и дедото на детето.

222

Шведска воведе револуционерен закон на почетокот на јули, кој им дозволува на бабите и дедовците да им помагаат на своите деца и да добиваат надомест за грижа за нивните внуци до три месеци во текот на првата година од животот.

Според законот, родителите можат да пренесат дел од надоместокот што го добиваат во рамки на родителското отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, според Агенцијата за социјално осигурување, пишува АП.

Родителите во Шведска имаат право на 480 дена или 16 месеци отсуство по раѓањето на детето. За првите 390 дена се исплаќа надоместок врз основа на приходите на лицето, додека за останатите 90 дена се плаќа фиксен износ од 15,32 евра дневно.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска, како што е намаленото работно време додека детето не наполни осум години или додека детето не наполни дванаесет години за државните службеници. Инаку, Шведска беше првата во светот која пред 50 години воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Повеќе