Еве што е навистина важно кога станува збор за децата и екраните (a не е времето)

Кога станува збор за времето поминато на екранот, можеби е помалку важно да се фокусираме на тоа колку долго децата ги користат уредите, а повеќе на тоа како ги користат.

198

Истражувачите во Австралија анализирале повеќе од 2.000 студии во кои биле вклучени повеќе од два милиони деца за да ги утврдат добрите и лошите страни на времето пред екранот кај децата. Тие откриле дека е поважно да се земе предвид видот на содржината што се гледа отколку колку долго се гледа.

Во сижето од истражуњето објавено во Nature Human Behavior, истражувачите од Австралискиот католички универзитет напишале: „Откривме дека природата на интеракцијата е важна. Дигиталните платформи може да се користат за подобрување на образовните резултати, но тие исто така можат да предизвикаат штета“.

Гледањето телевизија со родителите е подобар избор
Во сите прегледани студии, учествувале деца под 18-годишна возраст. Децата кои гледале телевизија со своите родители ја подобриле писменоста во споредба со оние кои биле само залепени на екраните.

Истражувачите сугерираат дека гледањето телевизија со родителите може да ја подобри писменоста бидејќи тие често одредуваат што гледа детето, зголемувајќи ја веројатноста за гледање образовна програма. Тие исто така можат да им поставуваат прашања на децата за програмата, што ги поттикнува да се вклучат и да ја истражат темата.
Слична поврзаност била забележана и со видео игрите, кои биле корисни само кога ги поттикнувале децата да развијат способност за разбирање и работа со бројки. Истражувачите, исто така, откриле дека гледањето реклами на дигиталните уреди, како што се телевизорите и компјутерите, доведува до повеќе нездрави избори на храна.

Американските педијатри ги повикуваат родителите да ги забранат екраните за деца под 18 месеци
Водечкиот американски лекар, д-р Вивек Марти, предупредува дека прекумерното време на екраните може да влијае на развојот на мозокот и е поврзано со дебелината, лошиот сон, доцнењето на говорот и проблемите во однесувањето.

Американската академија за педијатрија (ААП) не препорачува користење на медиуми кај деца под 18 месеци. За деца од 18 месеци до две години, AAП препорачува само висококвалитетна содржина и гледање на екраните само под надзор. Децата на возраст од две до пет години треба да го ограничат времето на екранот на еден час.

Повеќе