Фасцинантно видео од царски рез ја покажува главата на бебето во внатрешноста на амнионската кеса

Видеото е снимено во Истанбул, а бебето што се родило во амнионска кеса е машко

763

Видео снимено во Истанбул, Турција, ја покажува главата на мало бебе, сè уште во амнионска кеса, во моментот кога лекарите го вадат од утробата на неговата мајка. Станува збор за момче, а на видеото се гледа како тој се движи во плодовата вода, па дури и ги менува изразите на лицето.
Раѓањата во кои бебето се раѓа додека е уште во плодовата кеса се познати како раѓања „en caul“, а тоа се случува еднаш на секои 80.000 раѓања. Се верува дека тие се поретки за време на царски рез бидејќи скалпелот обично ја пробива кесата.

Бебињата се заштитени во внатрешноста на кесата за време на бременоста со плодовата вода, која исто така помага во трансферот на хранливи материи и вода до бебето.

Видеото го снимил гинекологот др. Ереј Балкан, кој го гали момчето по главата преку кесата. Споделувајќи го видеото на социјалните мрежи, тој напиша: „Добре дојде, згоден малечок“.
Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од ова видео, опишувајќи ја сцената како убава и магична.

Повеќе