Мајки инфлуенсерки, еве што може да ви се случи!

Непознати луѓе направиле поединечни профили на секое нејзино дете, симнувале фотографии што ги објавувала и ги објавувале таму. Кети Роуз Причард е мајка на 4 деца и инфлуенсерка која по кражбата на фотографиите на нејзините деца, решила целосно да го смени својот пристап.

465

Пред четири години, Кети Роуз Причард одлучила да стане мајка инфлуенсерка. Таа видела некои други жени како го прават тоа, а штотуку го родила своето прво дете.

Отворила блог и почнала да објавува фотографии од нејзиното растечко семејство на Инстаграм. Набрзо почнала да соработува со брендови и собрала речиси 100.000 следбеници.

Но, пред два месеци оваа мајка на четири деца ги отстранила фотографиите на кои се гледаат лицата на нејзините деца од социјалните мрежи и целосно го променила својот пристап. На тоа ја натерала кражбата на фотографии. Кога видела фотографии од нејзината ќерка на профил кои личи на нејзиниот, се згрозила.

„Имавме различен идентитет на тој профил, различни имиња, но некој се преправаше дека е моето семејство“, изјавила таа за Good Morning America.

Причард за инцидентот кој се случил во декември минатата година напишала и на Инстаграм.

„Понатаму, повеќе нема да ги објавувам ликовите на моите деца или нивните имиња. Сè е избришано од Фејсбук, блогови, …од секаде. Ги информирав семејството, пријателите и нашите фотографи за ова. Има и брендови со кои сум работела, а кои по објавата ги отстранија нашите фотографии и им благодарам за тоа“, рекла таа.

Причард вели дека открила дека непознати луѓе направиле поединечни профили на секое нејзино дете, симнувале фотографии што ги објавувала и ги објавувале. Таа истакнува дека никогаш не знае каде ќе завршат сите овие фотографии и за какви цели ќе бидат искористени.

Го пријавила случајот на Инстаграм, но тие ѝ одговориле со порака дека „содржината не ги прекршува упатствата“. На крајот и други луѓе со своите пријави извршиле притисок врз Инстаграм, па спорните страници биле отстранети.

Новинарката Џо Пјаца ги предупредува родителите добро да размислат пред да споделат лични фотографии и информации на социјалните мрежи.

„Секоја фотографија објавена на овој начин може да биде украдена и искористена на каков било начин и да стане мета на сексуални предатори. Моето правило е да не објавувам фотографија или информација што не би ја споделила со непознат кој поминува покрај мене на улица. Социјални мрежи се јавна платформа достапна за странци“, објаснила таа.

Причард заклучува дека целото искуство ја направило свесна за приватноста на децата и им кажува на родителите дека треба да знаат дека фотографиите објавени на интернет остануваат таму засекогаш.

„Ги повикувам сите навистина да размислат што може да се случи со овие фотографии.

Повеќе