И татковците можат да чувствуваат труднички симптоми

Најчестите симптоми кои идните татковци ги чувствуваат се мачнина, анксиозност, промени во апетитот, намалено либидо и забоболка, а имаат тенденција да го достигнат својот врв во третиот месец од бременоста, односно кога жените имаат најизразени утрински мачнини и други труднички тегоби.

80

Можеби сте слушнале дека некои идни татковци може да добијат стомак за време на бременоста на партнерката, но стомакот и вишокот килограми не се единствените работи што може да им се случат. Всушност, некои мажи може да развијат голем број емоционални и физички симптоми на бременост и, иако звучи чудно, тоа се случува почесто отколку што мислите.

За оваа појава постои и дијагноза, а еве што велат експертите за нејзините причини. Синдромот Кувад е израз кој ја опишува мимикријата на симптомите на бременост кај мажите. Иако научниците сè уште го проучуваат, тоа не се смета за болест или психолошка состојба, туку само за симптоматска појава.

Најчестите симптоми кои идните татковци ги чувствуваат се мачнина, анксиозност, промени во апетитот, намалено либидо и забоболка, а имаат тенденција да го достигнат својот врв во третиот месец од бременоста, односно кога жените имаат најизразени утрински мачнини и други труднички тегоби.

Како што пренесува „Good Therapy“, истражувањето спроведено на оваа тема покажало дека овој синдром станува се почест и се јавува кај 25 до 52 проценти од мажите во САД кои имаат бремени партнерки.

Иако е можно да се појават посериозни симптоми, многу мажи доживуваат само благи симптоми. Со оглед на тоа што симптомите обично исчезнуваат по породувањето, оваа состојба може да остане незабележана. Некои мажи може да се чувствуваат збунети, загрижени или вознемирени, а експертите велат дека во тој случај е најважна едукацијата.

Исто така, може да биде смирувачки да се знае дека овој синдром често се опишува како реакција на промените што ги носат бременоста и родителството, а не како знак на проблем со менталното здравје.

Повеќе