Деми Луси е мајка која за кратко време стана популарна на социјалната мрежа „ТикТок“, а себеси се нарекува „најкул мама“. Снима забавни видеа и оние на кои рекламира женска козметика.
Видеото кое го погледнале повеќе од 14,4 милиони луѓе е она на кое Деми ја покажува својата петгодишна ќерка Меди на фризер. Иако нема ништо необично во тоа дете да оди на фризер, сепак постои нешто за што луѓето ја осудуваат.
Всушност, Деми ѝ дозволила на својата петгодишна ќерка да ја избели нејзината природна кафена коса, а потоа да ја обои во розова боја. Таа подоцна објавила видеа од Меди како ја покажува својата нова фризура, а Деми вели колку е возбудена поради тоа.
Додека некои го гледаат овој клип како сладок момент меѓу мајка и ќерка, повеќето луѓе ја осудуваат Деми.
Треба да ѝ објасниш дека е убава таква каква што е. Мајка ми ми го направи истото кога имав шест години, па ми требаа 18 години повторно да се засакам себеси и мојата природна коса – напишала една девојка.
Зошто дозволивте на толку мало дете да му се нанесуваат хемикалии на главата? Тука треба да реагира социјалната служба – додава еден човек.
Деми решила да им одговори на луѓето кои не ја поддржале нејзината одлука, иако, како што истакнува, нивното мислење не ѝ е баш важно.
„Таа, како и секое девојче, е фасцинирана од еднорозите и барбиките со розова и руса коса, а сакаше да личи на нив. Нејзината пријателка имала виолетов прамен, па таа дошла дома и го посакала истото. Купивме привремен розов шампон, но таа не беше задоволна. Решив да ја однесам кај професионалец и да биде сѐ како што треба. На крајот на краиштата, таа е мое дете и секогаш ќе одговарам на нејзините желби, вие сте неважни“, вели Деми.
По ова објаснување, многумина запрашале зошто девојчето нема розова коса, а Деми одговорила дека чекале додека не направат семејни фотографии.
О, тука сме! Ова е ваша одлука. Сакавте да биде русокоса на фотографиите – напишала една жена, а Деми одговорила:
Ова не е вистина! Никогаш не би го присилувала моето дете да прави нешто што не сака! Јас не сум таков тип на личност и на мајка.
Што мислите вие? Дали оваа мајка ја направила вистинската работа кога му дозволила на своето петгодишно дете да ја избели косата? Споделете го со нас вашето мислење.