Министерот за здравство ѝ однесе цвеќе на украинската родилка во Чаир

Министерот Беким Сали ја посетил родилката од Украина која се породила во гинекологија Чаир и ѝ посакал добро здравје и среќа

391

Министерот за здравство Беким Сали со букет цвеќе ја посетил Украинката која се породила во гинеколошката клиника во Чаир и ѝ посакал многу здравје и среќа. Ова, заедно со фотографиите министерот го објави на својот Фејсбук профил.

„Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува. Ѝ посакав добро здравје и многу среќни моменти“, напишал министерот.

Повеќе