Не сака нејзините деца да се оптоваруваат со домашни, па ги пишува место нив

Додека некои родители се согласуваат со неа дека училишниот материјал е премногу тежок и дека на децата им треба помош, некои сметаат дека тоа ја поттикнува мрзеливоста кај децата. Што мислите вие за ова?

170

Американката Лоти има две ќерки на училишна возраст. Смета дека домашната работа предизвикува непотребен стрес кај децата, па затоа ги пишува наместо своите деца. Како што вели, нејзините ќерки после часовите учествуваат во разни активности, па често се враќаат дома исцрпени.

„Јас ја работам домашната задача. Нема да ги оптоварувам со математички задачи за кои немаат време. Можеби не е во ред, но сакам да им помогнам”, вели таа во видеото на Тик-Ток.

Како друга причина зошто ги пишува домашните задачи на своите деца, таа ги наведува претешките задачи.

„Мислам дека некои работи навистина не се соодветни за нивната возраст“, ​​вели таа, додавајќи дека и покрај тоа што им помага на децата со училишните задачи, таа сака да ги воспитува да бидат чесни и силни.

„Мојата најголема цел во животот е да имам искрен однос со моите деца“, вели таа.


И додека некои родители се согласуваат со неа дека училишниот материјал е премногу тежок и дека на децата им треба помош, некои сметаат дека тоа ја поттикнува мрзеливоста кај децата.

„Да се завршува ​​работата наместо вашето дете нема да му помогне на долг рок“, „Успешните деца сами си ја пишуваат домашната задача. Родителите треба да се трудат и да работат со децата“, „Мојот син не ги правеше домашните задачи во основно и сега во средно училиште се мачи со тоа. Мислам дека тоа не е добро“, коментираат тие.

Повеќе