Порано бабите се караа која да го чува внучето, денес бараат хонорар

На социјалните мрежи сѐ почесто среќаваме приказни за шокирани млади родители чии родители им бараат да им платат за да се грижат за своите внуци. Што мислите вие за ова?

2.899

Анонимна жена се прашува дали е неразумна бидејќи била шокирана од барањето на нејзината мајка да ѝ биде платено за да се грижи за нејзиниот внук. Таа ја објаснила ситуацијата на родителскиот форум Mumsnet, пишувајќи дека нејзината мајка изминатава година живее со неа и нејзиниот сопруг за да им помогне со детето.

„Таа многу ни помогна со тоа што се грижеше за мојот син кога јас и мојот сопруг бевме во неволја. Навистина го ценам тоа и мислев дека е среќна што може да ни помогне затоа што многу посакуваше да има внуче“, споделила таа.

Според неа, сè функционирало одлично до неодамна кога мајка ѝ побарала пари за чување на внукот.

„Таа рече дека сака да биде платена за да го чува син ми и беше лута затоа што досега ништо не сме ѝ платиле. Никогаш не стави до знаење дека го очекува тоа“, рекла жената, додавајќи дека нејзината мајка не плаќа комуналии, дека е разведена и дека е во пензија.

„Поради сето ова, таа не пропушти никаков приход заради тоа што се грижеше за нејзиниот внук. Повредена сум затоа што така се чувствува. Тоа е нејзиниот внук. Со задоволство би ѝ ги надоместила трошоците заради грижата за мојот син, но таа ги нема бидејќи живее со нас.Ако ѝ плаќам, тогаш која е разликата?Тогаш можам да го запишам син ми и во градинка“, заклучува таа.

Повеќето се согласиле дека бабата е неразумна затоа што бара да ѝ платат да го чува внукот, а таа живее бесплатно под покривот на ќерка си.

Но, има и такви кои не се согласуваат.

Што мислите вие за оваа појава која е сосема нова и за неа читаме сѐ почесто, за разлика од порано кога бабите се караа меѓусебе и си мереа која ќе поминува повеќе време со внуците.

Повеќе