Психолог објаснува како татковците влијаат на изборот на партнери на своите ќерки

Отсуството на таткото негативно влијае на карактерот на девојчето. Оние кои имаат нестабилна врска со својот татко имаат поголема веројатност да изберат партнер со кој ќе се конфронтираат.

394

Врската меѓу таткото и ќерката е единствена. Добра или лоша – врската е секогаш тука. Она што го привлекува вниманието на психолозите е како татковците, без разлика дали повеќе или помалку присутни, влијаат на нивните ќерки. Психологот Линда Нилсен, автор на книгата Between Fathers and Daughters: Enriching and Rebuilding Your Adult Relationship, се осврнала на ова прашање.

Таа се обидува да покаже дека родителите влијаат на одлуките за кариерата на нивните ќерки, но и на личниот вкус и академскиот успех. Исто така, се нагласува дека присуството или отсуството на татко може да влијае на изборот што жената ќе го направи во иднина во нејзините љубовни врски.

„Татко кој е присутен и нежен ја охрабрува својата ќерка да бара верен и доверлив партнер. Една од најчестите особини кај жените со нежни родители е решителноста при донесување одлуки. А со тоа доаѓа и самодовербата. Нема страв од искажување мислење или одбивање лоши кандидати“, вели таа.

Според неа, ќерките кои ја чувствуваат љубовта на своите татковци бараат стабилни врски кои инспирираат мир.

„Татковската близина може несвесно да им помогне на адолесцентите да прават помалку грешки при изборот на партнер. Таквите девојки обично се посигурни во друштво на момчиња и нема да дозволат некој да ги искористи. Тие не сакаат да имаат повеќе партнери – напротив, се стремат кон спротивното“, објаснила таа.

Од друга страна, отсуството на таткото негативно влијае на карактерот на девојчето. Оние кои имаат нестабилна врска со својот татко имаат поголема веројатност да изберат партнер со кој ќе се конфронтираат.

„Таквите девојки имаат тенденција да влегуваат во врски каде што се доживуваат себеси како инфериорни“, вели таа.

На крајот, таа објаснила како татковците влијаат на љубовните врски на нивните ќерки преку интересна метафора.

„Здравата приврзаност кон таткото е како да одите на пазар со полн стомак. Избирате производи со повеќе трпение и се одлучувате за поздрави опции. Лошиот татковски однос е како да одите на шопинг со празен стомак. Го купувате првото што ќе го посакате, без разлика дали е добро или лошо за вашиот организам“, заклучила таа, а пренесува Bright Side.

Повеќе