Строга мајка бара од својата 20-годишна ќерка да абортира бидејќи е премлада

Жена од Австралија е очајна затоа што нејзината 20-годишна ќерка е бремена од момчето со кое е во врска 2 години, сака да роди, но не сака да се мажи. Таа ја убедува да абортира. Што мислите вие за ова?

181

Загрижена мајка од Австралија предизвика жестока дебата откако се јави во радио емисијата Kyle and Jackie O и откри дека се обидува да ја убеди својата 20-годишна ќерка да абортира. Оваа жена која се претставила како Кети рекла дека сака нејзината ќерка да се омажи за таткото на детето или да ја прекине бременоста.

„Пораснав во строг дом. Не би можела да имам бебе ако не бев мажена. Тоа е бебе, а не куче”, рекла 48-годишната Кети во воведот, објаснувајќи дека нејзината ќерка, која сè уште живее во семејната куќа ѝ кажала дека е бремена во шестата недела со момчето со кое е во врска две години.

„Се расправавме за тоа. Ѝ реков дека би сакала да се омажи, но таа не е заинтересирана за брак“, додала таа.

„Значи, ќе бидете среќни да станете баба ако се венчаат и сè оди како што сте замислиле“, праша водителот Кајл, на што Кети одговорила потврдно.

Таа истакнала дека не верува дека младиот пар е емотивно подготвен за одговорноста што ја носи детето, а исто така е загрижена дека таткото на детето би можел да си замине ако нема брачна обврска.

„Тогаш што ќе правам? Ќе имам дете и бебе. Тоа е обврска. Исто така, ако имаат намера да продолжат со ова, мора и двајцата да размислат како да се справат финансиски. Како ќе го издржуваат детето? Таткото има постојана работа, но нема големи приходи“, напоменала таа.

Слушателите веднаш почнале да одговараат со своите мислења.

„Мојата строга мајка ме натера да абортирам кога бев млада и се каам затоа што ја послушав и го направив тоа“, рекла низ солзи 50-годишната медицинска сестра Карен, која се јавила во емисијата.

Додала дека после тоа не можела да забремени, а имала шест спонтани абортуси.

Уште еден слушател кој се јавил, Мет, смета дека Кети е „одвратна“ затоа што бара од нејзината ќерка да ја прекине бременоста.

„Таа има 20 години. Не можете да ѝ го контролирате животот, не е дете“, рекол тој.

Еден слушател се согласил со Кети и застанал на нејзина страна. Тој смета дека 20-годишниците не се доволно одговорни за да имаат дете, а ситуацијата се вжештила кога се јавила мајка која се породила на 21 година и признала дека никогаш не зажалила за својата одлука.

Откако ги слушнала сите мислења, Кети рекла дека планира уште еднаш да разговара со нејзината ќерка и нејзиното момче за да донесат одлука која ќе ги задоволи сите.

„Тежок е разговорот, тешка тема и верувам дека ова не е ситуација во која некој од нас би сакал да се најде. Ќе седнам со неа, ќе седнам со двајцата и пак ќе разговараме и ќе видиме дали можеме да го пребродиме ова“, заклучила таа.

Повеќе