Учи на решавање проблеми и смиреност: Шахот има бројни придобивки за децата
Според студија од 2016 година, предводена од истражувачи од Државниот универзитет во Мичиген, шаховските вештини се тесно поврзани со интелигенцијата. Да додадеме и дека ги зајакнува вештините за решавање проблеми, учи на смиреност, ја зајакнува меморијата,…
Ако не знаете што да му купите на вашето дете за роденден или за овој Божиќ, можеби е време да размислите за шахот. Популарната друштвена игра има бројни предности за развојот на децата, а во продолжение ви претставуваме некои од нив.
Го подобрува коефициентот на интелигенција
Според студијата спроведена на 4.000 ученици од Венецуела, по четири месеци настава по шах, забележана е промена во целокупниот коефициент на интелигенција на учениците.
Според студија од 2016 година, предводена од истражувачи од Државниот универзитет во Мичиген, шаховските вештини се тесно поврзани со интелигенцијата. Да додадеме и дека, според извештаите, коефициентот на интелигенција на шаховскиот велемајстор Гари Каспаров е 135.
Ги зајакнува вештините за решавање проблеми
Поместувањето фигури на таблата не е обична активност. Децата преку неа учат многу, меѓу другото и како да решаваат проблематични ситуации.
Учи на смиреност
Со играње шах, детето учи да остане смирено и прибрано додека бара начини за решавање на проблемите. Во играта шах, не можете да се извлечете со агресија или физички да го победите противникот. Можете да победите само ако останете ладни, смирени и присебни.
Ја зајакнува меморијата
Шахот е игра каде што треба да ги следите и да ги запомните потезите. Понекогаш е добро да се сеќавате на старите потези и игри за да го надмудрите противникот. Затоа не залудно се вели дека шахот и меморијата одат рака под рака.
Ја поттикнува креативноста
Самото учење нема да ви помогне многу во шахот. За да бидете победник, треба стратешки да ги планирате вашите потези. Ова ја вклучува креативноста. Шахот е игра на измислување различни начини за поместување фигури, а има илјадници начини да се игра.
Учи планирање и дисциплина
Способноста за правилно планирање на нешто доаѓа од дисциплината, а двете вештини се важни за животните пречки кои доаѓаат како што растеме.
Го поттикнува логичното размислување
Шахот е игра која има правила и тие мора да се почитуваат. Познато е дека децата талкаат во своите мисли, но шахот го насочува мисловниот процес кај децата. Ако децата почнат да го играат уште на рана возраст, учат дека сѐ функционира според правила и логика.