Како се менува мозокот на жената кога ќе стане мајка?

Како што заклучуваат експертите, по породувањето, мозокот на мајката е речиси под контрола на мислите за нејзиното бебе. Мајката го мери времето помеѓу шишeнцата, се прашува дали има доволно пелени, го истражува долгиот список на прашања што ги има за педијатарот и врти во главата бескраен список на задачи што ја чекаат. Бебето буквално станува цел нејзин свет.

2.795

Многу студии докажаа дека мозокот буквално се менува кога жената ќе се породи, а многу мајки веројатно ќе го потврдат истото. Клишето дека човекот повеќе не е ист откако ќе има дете е всушност поблиску до вистината отколку што може да се мисли. Но, како всушност се менува мозокот на жената по породувањето? Имено, научниците потврдија дека женскиот мозок се менува побрзо и подрастично за време на бременоста и во првите месеци од животот на детето отколку во кое било друго време, вклучувајќи го и пубертетот.

Во 2010 година и повторно во 2016 година, истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил проучувале како мозокот на мајката, односно сивата материја, се менува по породувањето. Тие ги проучувале мајките две до четири недели и четири месеци по породувањето. Земајќи го предвид снимањето со магнетна резонанца на мозокот и интервјуирајќи ја секоја мајка во двете временски точки, откриле зголемување на сивата материја во мозокот, пишува Postpartum Brain.

„Сивата материја му помага на мозокот да ги обработи сензорните информации, сигнализирајќи им на нервните клетки да реагираат. Во суштина ви помага во донесувањето одлуки и реагирањето на светот околу вас со своите постапки и емоции. Студијата покажа дека зголемената сива материја значи повеќе позитивни одговори од мајката секогаш кога бебето ѝ сигнализира, без разлика дали преку звук или движење. Вашиот мозок се насочува и ја менува својата форма за подобро да се грижи за бебето“, заклучиле експертите од споменатата студија.

Сите мисли се подредени на вашето бебе

Како што заклучуваат експертите, по породувањето, мозокот на мајката е речиси под контрола на мислите за нејзиното бебе. Мајката го мери времето помеѓу шишeнцата, се прашува дали има доволно пелени, го истражува долгиот список на прашања што ги има за педијатарот и врти во главата бескраен список на задачи што ја чекаат. Бебето буквално станува цел нејзин свет. Исто така, одговорноста и долгиот список на обврски се нешто за кое мајката постојано размислува.

Имено, заедно со нејсините сеопфатни мисли доаѓа и одговорноста и сè поголемата листа на обврски. Тежината на одговорноста е особено оптоварувачка за мајката. „Може да се најдете во ситуација да се прашувате што повеќе можете да направите како мајка, дали ги носите правилните одлуки за нивниот развој, а честопати се случува и планирање за иднината, како на пример колку долго ќе доите, дали ќе можете да го запишете вашето дете во дневен престој и слично“, објаснуваат експертите.

Има промена на хормоните, но и на емоциите


Кога жената ќе стане мајка, со нејзините хормони се менуваат и емоциите. Експертите објаснуваат како хормоните се менуваат и значително се зголемуваат за време на бременоста. Набргу по породувањето тие нагло паѓаат. Потоа, ако одлучите да доите на пример, целиот процес на доење и одвикнување предизвикува вашите хормони да продолжат да растат што предизвикува емоционални промени. Имено, вашиот мозок во мајчинството го водат емоциите, особено во постпородилниот период.

Хормоните на бременоста можат да ја променат анатомијата на вашиот мозок

Многу истражувања спроведени досега покажаа дека хормоните како што се пролактинот, окситоцинот или естрогенот исто така физички го менуваат обликот на мозокот кај мајките. Тие се намалуваат и растат во различни области додека го „реструктуираат“ нејзиниот мозок за да создадат одредено чувство на приврзаност.

Исто така, експертите забележуваат дека гореспоменатите природни промени во мозокот им помагаат на жените во текот на мајчинството, но можат да бидат корисни и подоцна во животот, кога, на пример, треба да се грижат за внуците или да преземат други слични улоги, пишува Њујорк Тајмс.

Повеќе