Анонимна жена се прашува дали е неразумна бидејќи била шокирана од барањето на нејзината мајка да ѝ биде платено за да се грижи за нејзиниот внук. Таа ја објаснила ситуацијата на родителскиот форум Mumsnet, пишувајќи дека нејзината мајка изминатава година живее со неа и нејзиниот сопруг за да им помогне со детето.
„Таа многу ни помогна со тоа што се грижеше за мојот син кога јас и мојот сопруг бевме во неволја. Навистина го ценам тоа и мислев дека е среќна што може да ни помогне затоа што многу посакуваше да има внуче“, споделила таа.
Според неа, сè функционирало одлично до неодамна кога мајка ѝ побарала пари за чување на внукот.
„Таа рече дека сака да биде платена за да го чува син ми и беше лута затоа што досега ништо не сме ѝ платиле. Никогаш не стави до знаење дека го очекува тоа“, рекла жената, додавајќи дека нејзината мајка не плаќа комуналии, дека е разведена и дека е во пензија.
„Поради сето ова, таа не пропушти никаков приход заради тоа што се грижеше за нејзиниот внук. Повредена сум затоа што така се чувствува. Тоа е нејзиниот внук. Со задоволство би ѝ ги надоместила трошоците заради грижата за мојот син, но таа ги нема бидејќи живее со нас.Ако ѝ плаќам, тогаш која е разликата?Тогаш можам да го запишам син ми и во градинка“, заклучува таа.
Повеќето се согласиле дека бабата е неразумна затоа што бара да ѝ платат да го чува внукот, а таа живее бесплатно под покривот на ќерка си.
Но, има и такви кои не се согласуваат.
Што мислите вие за оваа појава која е сосема нова и за неа читаме сѐ почесто, за разлика од порано кога бабите се караа меѓусебе и си мереа која ќе поминува повеќе време со внуците.