До пред 2 дена плачеше во дур, оптимистички, а сега плаче меланхолично, во А-мол! Зошто???

Реминисценција на спомените на меморијата на сеќавања од педијатриската теорија и пракса

85

Пред околу петнаесет години, млади родители, двајцата професори по музика и нивното бебе од 5-6 недели, дојдоа кај нас во 3 часот наутро (да, ноќе) на дежурниот итен прием во клиниката за детски болести, бидејќи детето од пред два дена – ќе го цитирам нивниот израз – ‘плаче со променет глас’.

Неутешна, постојано плаче? – прашувам додека го прегледувам навидум здравото, напредно новороденче.

Не, само пред подој.
Тоа е логично. Гладно е, па таја ја повикува дојката! – се пошегував.

Не, не, не! Знаеме дека плаче затоа што е гладно, не е тоа проблемот!

Туку?

Во тој момент бебето заплака. Низ амбулантата одекнува убав, добро интониран, ѕвонлив, здрав плач.

Еве, еве! СЛУШАЈТЕ!!!

Па… слушам. Плаче со нормален глас на бебе кое…

Не, не, КАКО не можете да слушнете?

Што треба да слушнам? – Прашувам – Затоа што… тоа што го слушам звучи совршено добро.
(и двајцата во дует) – НЕ е точно! Докторе, до пред два дена секогаш плачеше во дур, поточно во Б-дур, оптимистички, позитивно… Но сега плаче меланхолично, во А-мол. ЗОШТО???

Застанав за момент, обидувајќи се да забележам на нивните лица каков било друг израз освен целосна сериозност и загриженост.

Дали се шегувате? – пелтечам, надевајќи се дека е тоа само необична монтипајтонска шега, лошо темпирана во глувите ноќни часови.

Ме гледаа како да се обидував да ги најдам крајниците на детето во ректумот наместо во грлото.

ОВА НЕ Е ШЕГА!!! – младата мајка ми се внесе во лице, а потоа се сврте кон нејзиниот сопруг кој е подеднакво намрштен:

Ти реков дека нема да чуе??? Лекарите НЕМААТ СЛУХ!

Текстот е од ТУКА.

Повеќе