Филмска приказна за жена чиј син исчезнал: Го посвоила 10 години по киднапирањето – не знаејќи дека тоа е тој
Целата болка и тежина од губењето на детето ја почувствувала Габриела Суарез, чиј син исчезнал кога имал три години. Меѓутоа, судбината сакала да го посвои 10 години подоцна, без да знае дека тоа е истото момче.
Неверојатната приказна на Габриела Суарез започнува вака: Габриела била целосно уништена кога и го украле тригодишниот син. Неколку секунди го тргнала погледот од него и детето исчезнало. И покрај интензивната потрага, од него немало трага. Со текот на годините, потрагата по Бернард згаснала, иако официјално никогаш не престанале да го бараат.
И покрај тоа што не можела да го најде, Габриела не изгубила надеж дека нејзиниот син некаде е жив и дека еден ден повторно ќе се сретнат. Затоа почнала да волонтира во здруженија за потрага и пронаоѓање изгубени деца. Во неколку наврати ангажирала приватни детективи да најдат барем некоја трага од нејзиниот исчезнат син. За тоа време нејзиниот сопруг мислел дека тоа е невозможно и дека Габриела е опседната. Двајцата на крајот се разделиле.
Габриела во еден момент се вклучила во прифатилиштата за деца без родители или со проблеми дома. Таму почнала да се грижи за другите деца.
Во исто време, по тешки кризи и искушенија, Габриела почнала да размислува за посвојување дете. Во тоа време особено се зближила со 13-годишно момче од прифатилиштето. Томас бил многу повлечен, не си играл со никого и не разговарал, најчесто сам си цртал во ќошот.
Почнале да разговараат, а Томас и покажал цртеж од неговата мајка, за која рекол дека многу се променила на полошо, дека почнала да пие и дека сега не знае каде е.
Сето тоа многу ја растажило Габриела, но и ја зближило со Томас. Кога двајцата се прегрнале, докторот на Томас рекол дека тоа е негов прв контакт со некого откако дошол во прифатилиштето.
Набрзо Габриела решила да го посвои малиот бидејќи сфатила дека му треба многу љубов која таа била подготвена да му ја даде.
Така двајцата почнале да живеат со многу нежност и љубов, иако на почетокот не им било лесно да се прилагодат на новите околности, пишува pdnoticias.com.
Габриела имала многу трпение за сето она низ што помина Томас и го поддржувала. Сето тоа време не знаела дека всушност го посвоила својот син кој исчезнал пред 10 години.
Оваа приказна, всушност, добила филмски исход кога Габриела еднаш го слушнала Томас како потпевнува песна. Габриела ја смислила таа приспивна песна за нејзиниот Бернард.
Таа веднаш го прашала од каде ја знае, а тој одговорил дека мајка му ја пеела додека била добра со него.
Тогаш, во шок, жената почнала да ги препознава цртите на лицето на Бернард во Томас, иако се плашела дека нејзиниот ум ја мами и дека нејзината надеж е едноставно невозможна.
Наскоро му направи ДНК тест на Томас. Кога дошле резултатите, таа буквално паднала на колена. Ништо не ѝ било јасно, се плашела да верува, била и пресреќна и преплашена. Имала милион прашања, како е можно тој да завршил во дом за згрижување, како е можно да се запознале и да го посвоила…
Тогаш момчето ѝ кажало каде пораснал и дека жената која го одгледала била лоша и многу пиела. Бесната Габриела отрчала кај неа, а таа на крајот ѝ признала дека го украла Бернард затоа што го изгубила својот син во несреќа. Му го дала името Томас по детето што го изгубила.
Габриела потоа отишла во полиција, а жената која ѝ го украла детето била обвинета за киднапирање, со тоа што Томас не сакал да ја тужи. Мислел на нејзината празнина поради загубата на нејзиниот син и само сакал таа да се лекува од алкохолизам.
Габриела го поддржала својот син во сите негови одлуки, сакајќи конечно да продолжат да живеат среќно и во мир, пишува Fatos Desconhecidos.